Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Продолжува спасувачката операција во Лампедуза

(ВИДЕО) Продолжува спасувачката операција во Лампедуза

Спасувачката операција за наоѓање на преживеани од потонатиот брод со имигранти во близина на Италија продолжува, објавена меѓународните агенции.

Во меѓувреме 98 бегалци од друг брод се пренесени до италијански брег. Рано утринава тие пристигнаа во Сицилија. Половина се жени и мали деца.

Ова е уште еден брод со емигранти кои бегаат од војната на исток.

Се намалуваат сепак надежите за наоѓање на преживеани по трагедијата од претходната вечер, во која брод со стотици имигранти потона во Медитеранот.

Во моментов е потврдена смртта на 24 лица, а спасени се 28.

Според еден од преживеаните, на бродот имало не 700, туку 950 лица. Бродоломот се деси на 70 милји од италијанскиот брег, во близина на островот Лампедуза.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VJfRHDIz4jw[/embed]
Слично

Поврзани вести