Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Продолжена акција „Дамаск“ : 11 исламисти уапсени ширум БиХ

(ВИДЕО) Продолжена акција „Дамаск“ : 11 исламисти уапсени ширум БиХ

Припадици на босанскохерцеговачката држава полициските агенции СИПА ја продолжија денеска во раните зори големата антитерористичка акција  „Дамаск“ и на повеќе локации ширум БиХ уапсиле 11 екстремистички исламисти осомничени за поврзаност со тероризам и регрутирање на млади за борба во редовите на ИСИЛ.

Повеќе од 100 инспектори на СИПА, во соработка со припадниците на Разузнавачко-безбедносната агенција и полицијата ги чешлаат местата околу Зеница, Тузла и Сараево, учествуваат во апсењето и претрес на објектите на подрачјето на Сараево, Зеница, Какањ, Маглај и Живиница.

Сите 11 уапсени се под назор, а акцијата е резултат на повеќе годишната сложена криминалистичка истрага, со која бил опфатен поголем број на лица поврзани со терористички активности.

Во притвор на Судот на БиХ од почетокот на септември се наоѓа водачот на радикалните исламисти Билал Босниќ, кој е уапсен под сомнение дека организирал регрутирање на млади од БиХ за борба во редовите на злогласната терористичка организација ИСИЛ.

Заедно со Босниќ во притвор се уште четири од 16 уапсени припадници воглавно на радикалното селефијско движење.

Безбедносните агенции и правосудство на БиХ реагирале после информациите дека досега најмалку 150 државјани на таа земја се придружиле на ИСИЛ и се борат во Сирија. Според податоците на државните органи, досега на боиштата во Сирија загинале 30босанскохерцеговачки државјани.

Погледнете како е уапсен Билал Босниќ:

 
Слично

Поврзани вести