(ВИДЕО) ПРОБАЈТЕ СИ ЈА СРЕЌАТА: Жена од Канада подарува куќа под еден услов
Жена од Миларвил во Канада подарува куќа.
Се работи за Ања Вагнер, која откако се здоби со повреда на грбот, поради потешкотиите во движењето, веќе не е во можност да ја одржува својата луксузна куќа и имотот, па реши да ги продаде по цена од 1,7 милиони долари.
За имотот и куќата немало заинтересирани што ќе искешираат толку пари, па таа ја намалила цената. И тогаш немало кој да ја купи, па се сетила што да направи. Одлучила да организира наградна игра и да му ја подари куќата на оној кој ќе испрати највпечатливо писмо.
Оној кој сака да учествува во натпреварот треба да плати 25 долари, а таа се надева дека ќе има доволен број учесници во наградната игра, за да заработи онолку пари по колку сакала да ја продаде куќата.
Победникот во наградната игра Write A Letter, Win A House ќе биде избран само ако биде постигната сумата од 1,7 милиони долари.
Писмото треба да има најмногу 350 знаци, а може да се испрати на меил или по пошта. Натпреварот трае до 5 април, а 500 писма ќе влезат во финалето. Учесниците мора да бидат постари од 18 години, а од едно домаќинство може да се натпреварува само едно лице. Не смеат да се пријават членовите на нејзиното семејство и пријателите.
