(ВИДЕО) Пристигнува најскапата видео-игра во историјата – со буџет од 500 милиони долари!
Утре е„Денот Д“ за компјутерската игра со најскап буџет досега, кој изнесува цели 500 милиони долари. Станува збор за играта „Destiny“ („Судбина“) која ја креираше компанијата Банџи.
Таа е од типот на компјутерски игри со тема од научна фантастика, а нејзиното дејство е сместено 700 години во иднината. Заплетот е таков што играчите ја спасуваат човечката раса од вонземјани кои сакаат да ги истребат луѓето.
Дизајнерот Дерек Карол вели дека најголем акцент е ставен на социјалната компонента и на самиот виртуелен свет на играта, по што Destiny ќе се разликува од останатите игри од овој тип.
„Destiny е најголемата игра на која јас лично сум работел или на која работел кој било друг“, вели Карол. Целта на играта е да се заштити Соларниот систем кој е нападнат од вонземјани, а бојни полиња освен Земјата се и Венера, Марс и Месечината.
Destiny ќе може да се игра само на интернет.
http://www.youtube.com/watch?v=LIxxsw7TNd4
Слично
