(ВИДЕО) Примирје или пекол: Украина во драматична неизвесност
Од утрово нови жестоки судири на улиците на Киев. По вчерашниот крвав Ден на жалост, во кој најмалку 70 лица го загубија животот, ноќта помина релативно мирно. Но, од утрово вооружени украински демонстранти отвориле оган врз полицијата, а полицајците возвратиле, соопштија украинските безбедносни служби.
За сега нема најави дека демонстрантите се подготвени да ја прифатат понудата за примирје што од украинскиот претседател Виктор Јанукович дипломатски ја издејствуваа министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
Понудата вклучува предвремени претседателски избори, коалициска влада и уставни реформи, но опозицијата нема доверба дека ветеното ќе се реализира. Според многумина, работите во Украина во изминатите неколку дена отидоа предалеку за да може да се разговара за вакви решенија.
Демонстрантите инсистираат на итна оставка на Јанукович, но бараат тој да биде изведен и на суд за жртвите кои беа убиени од безбедносните сили деновиве.
Полскиот премиер Доналд Туск вели дека е постигната нацрт спогодба за смирување на ситуацијата во Украина, но оти уште треба да се биде претпазлив во очекувањата за брз крај на политичката криза. Европската унија вчера се договори да воведе санкции кон Украина во обид да изврши притисок за прекин на насилствата.
Вака изгледа Киев по крвавиот ден:
http://www.youtube.com/watch?v=yQfkyXIkAXo
http://www.youtube.com/watch?v=DCwRewP_IiE
Слично
