(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ИТАЛИЈА: Селото има само двајца жители, но тие сепак носат маски
Соседи во едно италијанско село носат маски, иако во местото живеат само тие двајца.
Тие инсистираат на носење на заштитни маски поради коронавирусот.
82-годишниот Џовани Карили и 74-годишниот Џампјеро Нобили, двајцата пензионери од Нортозчеа носат маски секогаш кога ќе се сретнат и инсистираат на почитување на држење дистанца од еден метар.
Тие немаат соседи и ретко го напуштаат местото на живеење.
Карили за Си-Ен-Ен рекол дека многу се плаши да не се зарази со новиот вирус и дека нема кој да се грижи за него.
„Јас сум стар, но сакам да продолжам да живеам овде и да се грижам за своите овци, виновата лоза, кошниците, овоштарникот. Да берам тартуфи и печурки. Јас уживам во животот“, раскажал Карили.
Нобили смета дека непридржувањето на пропишаните мерки од страна на кој било од нив двајца претставува непочитување, и покрај исклучителните околности во кои живеат.
Иако главно живеат сами, и понатаму повремено одат во посета на своите смеејства.
Во Италија во овој момент на сила е одредбата за задолжително носење маски на отворено и затворено.
