Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПРИЈАТЕЛСКА АТМОСФЕРА: Турската полиција си муабети со џихадистите на граница

(ВИДЕО) ПРИЈАТЕЛСКА АТМОСФЕРА: Турската полиција си муабети со џихадистите на граница

Видео-снимка сведочи за мирни односи меѓу терористичката организација ИСИС и турската царинска полиција.

Аматерската снимка објавена на Јутјуб прикажува како џихадистите опуштено се шетаат долж турскиот пункт на границата со Сирија и разговараат со граничната полиција.

Потоа доаѓа воено возило со вооружени лица во униформи кои продолжуваат да разговараат со терористите.

По завршувањето на разговорот, терористите се повлекуваат со традиционалниот џихадистички поздрав. Тие се дури насмеани и мавкаат на камерата.

Видео снимката отвора многу прашања за политиката на Турција, која како членка на НАТО тврди дека се бори против тероризмот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/atBhAv07kLc[/embed]

Освен тоа, поранешен советник за националната безбедност во Ирак, Мувафак ал-Рубај обвинува дека Турција се богати соработувајќи со ИСИС.

Тој вели дека Турција се богати шверцувајќи нафта од ИСИС, за дупло поевтина цена од на светските берзи.

„Во прв ред, Турците им помагаат на милитантите да ја продаваат украдената ирачка и сириска нафта за 20 долари по барел, што е половината од пазарните цени“, вели ал-Рубај.

Тој тврди дека на  „црниот пазар” на Турција, ИСИС продала ирачка нафта и гас во вредност од 800 милиони долари за  еден месец.

Слично

Поврзани вести