Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) При слетување се запали авион

(ВИДЕО) При слетување се запали авион

При слетување се запали авион. 

Се работи за авион на иранската авиокомпанија Иран Ер, кој се запали при слетувањето во Техеран, откако не му се спуштија задните тркала.

Сите патници се евакуирани и нема информации за повредени. Во авионот во моментот на пожарот имало 50 патници.

Кога леталото се допрело со задниот дел од трупот со пистата, настанало искрење и пожар. На аеродромот биле подготвени пожарникарите и итната медицинска помош, додека траела евакуацијата на стотината патници.

Според дел од западните медиуми, компанијата е во лоша финансиска состојба, поради што неодамна отпуштиле дел од вработените за одржување на авио флотата.

На социјалните мрежи е објавено видеото од драматичното слетување на авионот.


Слично

Поврзани вести