Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТАТА НА ПУТИН: Во Астана на голем екран се појави украинското знаме

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТАТА НА ПУТИН: Во Астана на голем екран се појави украинското знаме

Во Астана, во Казахстан при посетата на рускиот претседател Владимир Путин се појави украинското  знаме. 

Казахстанската полиција истражува кратко прикажување на украинското знаме на голем ЛЕД екран во главниот град Астана, за време на посетата на рускиот претседател, соопшти казахстанското Министерство за внатрешни работи, пренесува Ројтерс. Украинското знаме – со хоризонтални ленти од сина и жолта – накратко се појави во средата вечерта на местото на руската бела, сина и црвена тробојка на екранот лоциран на една од главните авении во Астана. Путин во тоа време веќе бил во градот, а екранот набрзо бил исклучен, но сликите и видеата од инцидентот брзо се проширија на интернет. Русија и Украина трета година се во војна. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 


Слично

Поврзани вести