Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТА НА БРИТАНИЈА: Макрон доживеа мала непријатност со сопругата

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТА НА БРИТАНИЈА: Макрон доживеа мала непријатност со сопругата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон доживеа нова непријатност кога пристигна во Велика Британија во тридневна државна посета.

Медиумите пишуваат дека неговата сопруга, Брижит Макрон, го игнорирала додека излегувале од авионот. 

Двојката слетала со приватен авион во Кралската воздухопловна база Нортхолт, каде што ги пречекале принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон. Додека се симнувале по скалите, Макрон ја испружил раката за да ѝ помогне на сопругата, но Брижит ладно го одбила.

Потоа Макрон несмасно ја спуштил раката и се свртел кон кралската двојка, каде што ја бакнал раката на принцезата Кејт во гест на наклонетост.

Ова се случува само неколку седмици откако снимките од „шлаканицата“ во авион што ја доби Макрон станаа вирални.

Брижит тогаш му влепи шлаканицата на сопругот додека тој се симнуваше од авион во Виетнам.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести