(ВИДЕО) ПРЕЖИВЕАЛА УЖАС ПОД ТОН СНЕГ: Се падна врз нас, настана мрак, јадевме снег!
Во хотелот Ригопиано кој го затрупа лавина и однесе дваесеттина животи, а оние кои оваа страшнотија ја преживеаа прераскажуваат што се случувало до моментот на доаѓањето на спасувачите.
Џорџија Галаси (22) е една од деветте преживеани на страшната лавина во Италија која целосно го потрупа хотелот Ригопиано. Требале полни 58 часа Џорџија да излезе од снегот. Петмина луѓе се најдени мртви а уште 24 се сметаат за исчезнати во несреќата која го погоди Ригопиано во средата после пладне.
Студентката Џорџија Галаси се потсетува дека во моментот на удар од 120 000 тони снег во хотелот била со својот дечко Винченцо Форти. Вели дека седела на софата пред каминот во предворието со својот 25-годишен вереник и сопственик на пицерија од Џулијанова.
„Одеднаш сѐ се сруши околу нас. Бев дезориентирана“, раскажала Џорџија.
Таа се онесвестила, а кога си дошла до себе погледнала наоколу и видела дека хотелското лоби станало една голема купола со четири тунели. Била толку изгубена во просторот што не знаела на која страна да тргне.
„Беше целосен мрак. Бевме отсечени од светот. Беше тишина. Го осветлив патот со мобилниот“, раскажуваа оваа студентка.
„Разговарав со вереникот а нашите гласови одекнуваа. Винчензо ми објасни дека звукот се одбива од снегот. Имав чуство дека некој ме затворил во кутија. Слушнав жена која го повикува својот маж, лелеци на маж кој беше повреден и мајка која го смирува синот додека ја бара изгубената ќерка. Едни на други си го кревавме расположението и се обидувавме да останеме присебни“, додава таа. Се сеќава на мракот, жедта, и гладта.
„Немавме што да јадеме.Јадевме снег. Адреналинот не држеше во живот. Подоцна заборавивме на гладта. Го изгубивме чуството за време“, рекла Џорџија.
Во петокот околу 11 утрото слушнале спасувачки машини кои копаат снег. Викала: „Се викам Џорџија. Жива сум!“
„Тоа беше најубавото нешто што некогаш го имам речено. Спасувачите прашаа кој се е таму. Ги повторив имињата на сите во групата“, додала Џорџија. Вели дека се сеќава и на децата во хотелот, и напоменувајќи дека сите малечки биле исклучително храбри.
„Децата беа фантастични. Не се сеќавам дали некој од нив заплакал“, прераскажува таа. Иако престрашени, долгите часови до доаѓањето на спасувачките екипи ги крателе со песна. „Пеевме и се храбревме едни со други и се обидевме да ја одржиме оптимистичката атмосфера во тие страшни услови“, се потсетува.
Пет дена после трагедијата, потрагата за 22 лица кои и понатаму се водат како исчезнати продолжува. Шансите дека се уште се живи се минимални, но командирот на пожарникарните служби Лука Кари напоменува дека сепак постојат. Во потрагата за исчезнатите се вкучени и посебно тренирани кучиња.
Објавена е информација дека сопствениците на хотелот до локалните власти испратиле молба за евакуација на гостите пред трагичната лавина. Имено, струјата во хотелот кобната вечер се прекинувала и пред ударот, а гостите и вработените ги загрижувало честото тресење на земјата кое го чуствувале , но поради големите наноси не можело да се стигне до хотелот.
