(ВИДЕО) Преживеал осум дена сам на море во кутија!
Мексиканскиот рибар, Рејмундо Родригез Нојола (43), преживеал бродолом и осум дена поминал сам во пластична кутија.
Трпската бура Поло го потопила чамецот во кој рибарот бил со колегата Мариј Моралес Мајо (69). Моралез загинал во бродоломот, а Родригез од морето успеал да се качи на кутија во која преживеал екстремна жед и глад.
Во еден момент успеал да фати галеб кој слетал на кутијата, веројатно барајќи храна, но наишол на смрт.
„Мислам дека галебот мисли дека сум мртов и дојде да погледне дали има остатоци за него“, раскажува рибарот.
Во моментот на спасување, остатоци од мртвиот галеб уште имало во кутијата. Храбриот рибар е спасен на морето 10 километри од Акапулко.
Слично
