Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПРЕЖИВЕАЛ 36 ДЕНА ПОД ЗЕМЈА: Пронајден кинески рудар заробен во рудник од лани!

(ВИДЕО) ПРЕЖИВЕАЛ 36 ДЕНА ПОД ЗЕМЈА: Пронајден кинески рудар заробен во рудник од лани!

Еден од четирите преживеани кинески рудари е спасен откако 36 дена бил заробен под земја, објавија кинеските медиуми.

Рударот бил заробен во рудник во провинцијата Шандонг, при инцидент кој се случи во рудникот за гипс кон крајот на декември 2015.

Под земјата се наоѓаат уште тројца рудари, а кинеските камери го забележале моментот кога човекот се појавува на површината а потоа го носат во болница.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/w15p2DNWIVc[/embed]

Инаку, од рудникот претходно се спасени неколку рудари кои се пронајдени со помош на инфрацрвени камери. Тие после раскажале дека се нашле под делови на земјата кои останале недопрени.

Два дена после колапсот, сопственикот на рудникот скокнал во бунар и се удавил, а четири високи претставници на округот поднеле оставки.

Слично

Поврзани вести