(ВИДЕО) Претходната голема катастрофа во Франција: Пред 15 години со „Конкорд“
Жртвите на катастрофата со авионот „Ербас“ на германската нискобуџетна компанија „Germanwings“, кој се урна во јужна Франција, најверојатно ќе достигне 150 луѓе, колку што биле патници во авионот. Досега нема податоци за преживеани по падот на авионот.
Претходната голема авионска несреќа во Франција се случи пред 15 години - на 25 јули 2000 година кога „Конкорд“ на „Ер Франс“ се запали при полетување од Париз за Њујорк и падна врз хотел, одземајќи го животот на 113 лица од авионот и четворица од хотелот. Тоа беше и крајот на ерата на овој единствен авион за масовна експлоатација.
Процесот, со кој требаше да се утврди виновникот за катастрофата, започна со десет години задоцнување. Судот пресуди дека инцидентот е предизвикан од механичар на компанијата „Continental Airlines“. Џон Тејлор беше прогласен за виновен за убиство без умисла. Негов колега беше ослободен, како и тројца поранешни функционери на авијациските власти на Франција.
„Continental Airlines“ е казнета со 200 илјади евра, а Џон Тејлор доби условна казна од 15 месеци. Тој е казнет со 2000 евра. Освен тоа „Continental Airlines“ беше осудена да и плати еден милион евра на „Ер Франс“, сопственик на урнатиот авион.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/vMZk-cHU6Zk[/embed]Истрагата утврди дека причина за несреќата пред десет години е парче метал, кое се нашло на пистата за полетување. Тоа биле остатоци од авионот DC-10 на американската авиокомпанија „Continental Airlines“, кој полетал од истата патека непосредно пред авионот на „Ер Франс“.
При полетувањето во авионот на француската компанија удрило кратко парче, и од него е прободен резервоарот за гориво и авионот се запалил. Несреќата се случи на 25 јуни 2000 година. Тогаш загинаа 100 патници, деветмина членови на екипажот и четири лица од хотелскиот персонал.
Францускиот национален авиопревозник им исплати на семејствата на загинатите бенефиции во износ од по 100 милиони евра.
Во 2003 година авионите „Concorde“ биле извадени од употреба. Една од причините за одлуката беше намалување на бројот на патниците со нив по несреќата во Париз.
