(ВИДЕО) ПРЕПОЛНИ МРТОВЕЧНИЦИ ВО РУСИЈА: Постојат сомнежи дека бројот на починати е поголем од објавеното
Во Русија некои мртовечници се толку полни што телата на мртвите се наредени едни врз други на подот.
Ваквите сцени покажуваат дека вистинскиот број на смртни случаи во таа земја е далеку поголем отколку што сугерираат официјалните податоци, пренесува CNN.
Руските власти соопштија дека повеќе од 33.000 луѓе починале од ковид-19 во земјата до вчера, но критичарите ги оспоруваат овие бројки.
„Мислам дека реалната бројка е околу 130 000“, рече Алексеј Ракша, поранешен статистичар на руската влада.
Тој ги темели своите проценки на официјалните податоци за вишокот смртни случаи или бројот на смртни случаи што е над она што нормално се очекува во одреден период.
Ракша објасни дека од април до ноември во Русија имало околу 160.000 -170.000 вишок смртни случаи.
