(ВИДЕО) Преку Google Maps пронајден човек кој исчезнал пред 10 години
Семејството на Дејвид Ли Нилс по скоро една деката дозна што се случи со нивниот роднина, случајно преку апликацијата GoogleMaps.
Седумдесет и две годишниот маж кој исчезнал во 2006 година е пронајден мртов во неговиот автомобил во езеро во Кливленд.
Декораторот на дрвја во паркот, ја разгледувал локацијата на која работел преку апликацијата и тогаш го забележал автомобилот во езерото.
Полицајците според регистрацијата на автомобилот потврдиле дека возилото му припаѓало на исчезнатиот човек, а на возачкото седиште пронашле скелет и паричник кој му припаѓал нему.
Синот на Дејвид Ли Нилс вели дека ова ќе им даде малку мир, бидејќи семејството конечно знае што се случило со нивниот роднина.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/vBlXYZgKZgw[/embed]
Слично
