(ВИДЕО) Прекината последната линија на снабдување во клучниот град на џихадистите
Ирачките сили ја прекинале последната линија за снабдување на важните жаришта на „Исламската држава“ Рамади на западот на земјата, така што од исламистите го преземале важниот мост, објавиле ирачките воени службеници синоќа.
Завземањето на мостот Палестина на реката Еуфрат значи дека ирачките сили гo опкружиле градот и се очекува наскоро да тргнат во чистење на теренот.
Рамади, главен град на пкраината Анбар, падна во рацете на милитантите во мај оваа година.
Тоа е најголемиот удар на владините сили и напорите да се истераат исламистите од северот и западот на Ирак.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/G--3mDrVIvo[/embed]Премиерот Хаидер ал-Абади ветил брза офанзива за ослободување на градот, но тоа било забавено поради бомбите во куќите и недостатокот на војници и опрема поради малку пари и строгите правила под кои САД ги изведува воздушните напади.
