Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Предупредување во Славјанск: Не излегувајте од дома, борбите се во решавачка фаза!

(ВИДЕО) Предупредување во Славјанск: Не излегувајте од дома, борбите се во решавачка фаза!
Министерот за полиција на Украина Арсен Аваков ги предупреди жителите на Славјанск и Краматорск да останат дома, затоа што офанзивата на украинската војска во овбие градови влегла во „решавачка фаза“. На својот официјален Фејсбук профил, министерот за внатрешни работи навел дека граѓаните не треба да излегуваат надвор со цел „да го избегнат ризикот по нивните животи“ и нагласил дека од утрово има „многу интензивен оган“ во овој регион. Украинската војска била ангажирана во интензивни престрелки и според Аваков „офанзивата влегла во решавачка фаза“. http://www.youtube.com/watch?v=Jei-38jQ2yg Припадниците на проруските сили во Славјанск тврдат дека собориле еден авион  Су-25 на украинската војска, а бил уништен и еден  хеликоптер, тенкови и оклопен транспортер. Според градоначалникот на Славјанск Вјачеслав Пономарјев припадници на украинската војска на контролен пункт во близина на Славјанск забраниле два автобуси со деца да го напуштат градот. http://www.youtube.com/watch?v=Ha3O-ppzuGQ
Слично

Поврзани вести