(ВИДЕО) Пред три години беше бездомник, денес се кандидира за претседател
Некогашниот бездомник и поранешен нарко зависник, кој стана хит со својот талент за зборување на радио, планира да се кандидира и за независен претседател на Америка.
Тед Вилијамс кој со години спиел под мостови, во ходници од болници и аеродроми, денес не престанува да изненадува со своите амбиции.
Бездомникот со ,,златен глас’’, стана вистинска сензација на интернет, откако пред три години случаен возач на автопат го снимил како зборува.
Со неговата дарба тој ја изненади целата јавност, а веднаш потоа почна да работи и како спикер на радио.
Денес Вилијамс живее нормален живот, има жена и воопшто не изгледа како човекот кој питаше на автопатот.
Кој беше пресудниот момент за пресврт во неговиот живот, погледнете на следново видео.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=6rPFvLUWkzs[/embed]
