(ВИДЕО) Пред да дојде Бајден во посета им се урна мостот
Во градот Питсбург денеска се урна мост неколку часа пред посетата на претседателот Џо Бајден. Настанот се случил рнао наутро.
Локалните власти по уривањето на мостот ги предупредиле жителите да не се приближуваат до мостот поради „силниот мирис на природен гас“. Гасоводот во меѓувреме е затворен.
Бајден во Питсбург, град во сојузната држава Пенсилванија, требало да зборува за лошата состојба на инфраструктурата. Во Пенсилванија има 3.353 моста во лоша состојба, по што е втора најлоша американска држава.
foto EPA EFE
Слично
