Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Познато кои точки во САД би ги гаѓале Русите

(ВИДЕО) Познато кои точки во САД би ги гаѓале Русите

Руската државна телевизија објави кои би биле метите на руски нуклеарен напад во САД.

Се објави список на американски воени објекти што Москва би ги таргетирала во случај на нуклеарен напад и дека хиперсоничната ракета што Русија ја развива би можела да ги погоди целите за помалку од пет минути. Мети се Пентагон и претседателското засолниште Кемп Дејвид во Мериленд.

Прилогот, невообичаен дури и за понекогаш воинствените стандарди на Руската државна телевизија, е емитуван синоќа, неколку дена откако претседателот Владимир Путин изјави дека Москва е воено подготвена за „ракетна криза како кубанската“ ако САД го сакаат тоа. Тензиите се засилија поради руските стравувања дека САД може да распоредат нуклеарни проектили со среден дострел во Европа.

Путин вели дека во случај на распоредување американски проектили во Европа, Русија ќе биде принудена да распореди хиперсонични нуклеарни проектили на подморниците во близина на САД. Од САД тврдат дека немаат планови за распоредување на ракети во Европа. 


Слично

Поврзани вести