Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Познат идентитетот на напаѓачот со пила во Швајцарија-живеел во шума

(ВИДЕО) Познат идентитетот на напаѓачот со пила во Швајцарија-живеел во шума

Швајцарската полиција го утврди идентитетот на мажот, кој нападна со моторна пила пет лица во северниот град Шафхаузен. Тоа е 51-годишниот Френк Вроузис кој во последниве недели живеел во шумата во околината на градот.

Нападот беше извршен во експозитура на осигурителна компанија CSS Assurance. 

Мажот побегнал од местото со автомобил. Состојбата на двајца од повредените е сериозна. Вроузис нема постојана адреса и неодамна живеел во шумата во близина на Увизен, на 2 километри од Шафхаузен.

Локалните жители велат дека понекогаш мажот се однесувал агресивно. Вроузис бил клиент на CSS Assurance. Истрагата продолжува.

Слично

Поврзани вести