Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЗЛАТЕНИ ЅИДОВИ И ОГЛЕДАЛА СО ЗЛАТНИ РАМКИ: Путин се пофали со луксузниот стан во Кремљ

(ВИДЕО) ПОЗЛАТЕНИ ЅИДОВИ И ОГЛЕДАЛА СО ЗЛАТНИ РАМКИ: Путин се пофали со луксузниот стан во Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин го покажа својот луксузен стан во Кремљ. 

Во видеото, Путин го поздравува пропагандистот Павел Зарубин пред позлатениот влез во неговиот службен стан, кој се наоѓа во непосредна близина на неговата канцеларија во Кремљ. Видеото прикажува луксузна сала со позлатени ѕидови, огледала со златни рамки, кристални лустери и егзотични растенија. На масата е портрет на царот Александар III. Внатре има и пијано, како и библиотека. 

„Да, ова е стан. Како што можете да видите, не е далеку“, рече Путин пред да го покани Зарубин.

Во март 2023 година, рускиот претседател кажа дека дел од неговата средба со кинескиот претседател Си Џинпинг се одржала во овој стан.


Слично

Поврзани вести