Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пожарите и невремето однесоа неколку жртви во Италија

(ВИДЕО) Пожарите и невремето однесоа неколку жртви во Италија

Пожарите и невремето во Италија однесоа најмалку пет жртви. Пожарите беснеат на Сицилија, поради што владата прогласи вонредна состојба во најтешко погодените области.

„Со голема тага ја примив веста за два несреќни случаи предизвикани од невремето, во кои животот го загуби шеснаесетгодишно девојче во извиднички камп во Бреша (на север) и жена во Лисоне (во северот) која ја удри дрво“, напиша премиерката Џорџија Мелони во пораката на Твитер.

Силен ветер кој дуваше со брзина од 110 километри на час, силен дожд и град вчера рано утрото падна во градот Милано, економскиот центар на земјата, поплавувајќи ги улиците и откорна дрвја, кои во голем број паднаа на коловозот.

Изгорените тела на двајца 70-годишни мажи биле пронајдени во куќа, а 88-годишна жена починала во близина на Палермо.

Претседателот на сицилијанската област Ренато Скифани изјави дека ќе побара од владата, која заседаваше денеска, да прогласи вонредна состојба на медитеранскиот остров.

На интернет се појави фотографија од необично парче мраз со дијаметар од 19 сантиметри, кое падна во понеделникот вечерта во Ацано Децимо. 

Во Грција на островот Евија загинаа три лица во пожари. Невреме го погоди цел Балкан, а во Словенија падна снег. 

Видеото можете да го видите тука. 

Слично

Поврзани вести