Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЕВРОПА: На удар се Франција и Италија

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЕВРОПА: На удар се Франција и Италија

Големи пожари ги зафатија Франција и Италија. 

Само во Франција има илјадници евакуирани. Над 1.000 француски пожарникари, со девет канадери, од вторникот се борат за да ги контролираат пожарите. Досега уништени се вкупно 7.300 хектари земја. Само синоќа изгореа 2.000 хектари. Под контрола е шумскиот пожар што избувна вчера во близина на градот Тараскон на југоистокот на земјата. Два авиона од типот Канадер испрати Грција во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. 

„Ситуацијата се уште е неповолна“, соопштија властите на департманот Жиронд. 

Италијанските пожарникари објавија дека пожарот во популарната област за пешачење во италијанскиот регион Јужен Тирол е под контрола откако се бореле со огнот во текот на ноќта. Ангажирани се околу 150 пожарникари, а во гаснењето на пожарот помогна хеликоптер.

Пожарот го зафатил подрачјето на општината Прад ам Стилфсерјох во близина на границата со Швајцарија. Регионалните власти предупредија на опасност од нови пожари. Годинава веќе имало 40 шумски пожари, двојно повеќе од годишниот просек. 

И во Шпанија деновиве имаше пожари. Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови во земјата во понеделник и во вторник. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести