Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пожари беснеат на Хаваите, а луѓето скокаат во водата за да се спасат

(ВИДЕО) Пожари беснеат на Хаваите, а луѓето скокаат во водата за да се спасат

Пожари беснеат на Хаваите, а луѓето скокаат во вода за да се спасат. Снимките од пламените јазици се застрашувачки. 

Пожарите поттикнати од ураганот Дора, изгореа неколку згради, што доведе до евакуација и затворање на училиштата. Во округот Мауи, 12 луѓе се спасени откако скокнале во океанот за да избегаат од чадот и пожарот, објави АП. Крајбрежната стража ги транспортирала во безбедно подрачје, соопштија локалните власти.

Од утрово околу 14.000 домаќинства во Мауи немаат струја. Дора е моќен ураган од четврта категорија со постојан ветер од околу 200 километри на час. И во 2021 година имаше големи шумски пожари на Хаваите. 

Пожари летово имаше во Грција, Италија, Турција. Тунис. 


Слично

Поврзани вести