Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пожар зафати нафтени резерви

(ВИДЕО) Пожар зафати нафтени резерви

Пожар денеска изби во објект за складирање на нафтени продукти во пристаништето Шахид Раџа на иранскиот брег на Персискиот залив, соопшти иранската известувачка агенција Ирна.

Пожарникари се наоѓаат на местото и се обидуваат да го контролираат пожарот, кој бил проследен со експлозии, пренесува агенцијата, не изнесувајќи повеќе детали за моменталната ситуација.

Пожарот најпрво избувнал на машина која се користи за кревање на контејнери во пристаништето, а потоа се  проширил на делови од пристаништето кои се користат за скалдирање на нафтени производи.


Слично

Поврзани вести