(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО АНКАРА: Загинаа три лица, меѓу кои и едно бебе
Три лица, меѓу кои и бебе, загинаа во голем пожар во станбена зграда во Анкара во Турција.
Пожарот избувна синоќа околу 22 часот во висока станбена зграда во квартот Чанкаја, во турската престолнина Анкара.
Пожарот почнал на четвртиот кат од 26-катната зграда и за многу кратко време се проширил кон горните катови. Интервенирале бројни екипи на противпожарната служба, кои се бореле со огнената стихија речиси четири часа, по што успеале целосно да го стават под контрола.
Според ТРТ, 26 лица се повредени, од кои 20 се пренесени во болниците Анкара Билкент, Етлик и клиниката на Медицинскиот факултет при Универзитетот Гази. Едно лице е во критична состојба.
Дополнително, 39 лица, меѓу кои и седум пожарникари, се пожалиле на симптоми на труење со чад и добиле медицинска помош на лице место.
Слично
