Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ХОТЕЛ ВО ТУРЦИЈА: Има жртви и повредени

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ХОТЕЛ ВО ТУРЦИЈА: Има жртви и повредени

Во пожар во хотел во ски-центар во Турција има двајца загинати, а двајца се повредени. 

Прелиминарните извештаи покажуваат дека во моментот на пожарот во хотелот имало 12 луѓе. 

„Трагедијата се случила во ски-центарот Улудаг во провинцијата Бурса“, изјави градоначалникот на Бурса Мустафа Бозбеј, пренесе телевизијата НТВ.

Хотелот бил затворен и претходно евакуиран поради истекување на дозволата за туристичка дејност, која не беше обновена. Пожарот е ставен под контрола и покрената е истрага. Во јануари најмалку 75 луѓе загинаа во пожар во хотелот Гранд во ски-центарот Карталкаја.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот по два часа, но горните катови на хотелот се уништени. 

Турските медиуми објавија дека хотелот бил стар 30 години.

Пожарот се случил два месеци по трагедијата во друго турско зимско одморалиште во која 79 луѓе загинаа. 


Слично

Поврзани вести