Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАР СЕ ШИРИ: Десетици илјади луѓе се евакуирани во Франција

(ВИДЕО) ПОЖАР СЕ ШИРИ: Десетици илјади луѓе се евакуирани во Франција

Голем пожар се шири и во Франција. 

Десетици илјади луѓе се евакуирани од ’ртот Кап Фере во југозападна Франција, каде што шумските пожари проголтаа илјадници хектари шума и уништија луксузни вили.

Туристите опишуваат дека имало „огромен“ пламен додека бегале од запалениот полуостров откако ги разбудиле среде ноќ со итни пораки за евакуација, објави „Би-би-си“.

Пожарите, кои избувнаа во вторник во градот Сом, во департманот Жиронд, горат со денови, а пламените јазици покриваат 10.000 хектари.

На околу еден и пол час возење од Бордо, низата рибарски села е омилена дестинација за париската елита и често се споредува со Хемптоните во Соединетите Американски Држави.


Во југозападна Франција, властите испратија чамци за да помогнат во евакуацијата на околу 63.000 луѓе, од кои многумина туристи, додека два големи, одделни пожари им се заканија на домовите и камповите.

Околу 40.000 луѓе беа принудени да избегаат од полуостровот Кап Фере, кој од едната страна се наоѓа на Атлантскиот Океан и на заливот Аркашон од другата, додека уште 23.000 луѓе беа евакуирани од Бискарос, околу 40 километри јужно, пренесува српски „Телеграф“.

Големи пожари какви немало досега се шират и кај Мадрид.


Слично

Поврзани вести