Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОВТОРНО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУСИЈА: Детонација близу школо, повреден домарот

(ВИДЕО) ПОВТОРНО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУСИЈА: Детонација близу школо, повреден домарот

Еден маж  (46) е повреден во експлозија во градот Ростов на Дон, на југот од Русија, соопштија руски полициски служби.

Експлозијата се случила во близина на школо, а инцидентот се случи околу 7 часот по московско време во центарот на градот.

Специјални служби моментално се на лице место и ја проверуваат областа.

Според информациите мажот кој е идентификуван како Димитриј К. подигнал сомнителен предмет кој се наоѓал на улицата и така ја активирал детонацијата.


„Човекот подигнал сомнителен пакет кој го детонирал, а експлозијата му ги откинала прстите и направила рана во стомакот. Мажот е во болница“ рекол изворот.

Се наведува дека повредениот маж е домар во школото, а несреќата се случила додека го чистел подрачјето околу училиштето/

Предметот кој експлодирал била импровизирана експлозивна направа замаскирана да изгледа како батериска лампа.

Школото е затворено, а на децата не им е дозволено да влезат во зградата.

Слично

Поврзани вести