(ВИДЕО) Повредени се најмалку 17 луѓе при експлозија во зграда во Мадрид
Во силна експлозија во зграда во шпанската престолнина Мадрид, повредени се најмалку 17 луѓе.
Четворица од повредените се пренесени во болница, меѓу кои и едно лице во тешка состојба.
„Екипите за итни случаи ја чешлаа зградата за да ја проверат структурата и да видат дали внатре има некој заробен“, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида.
Службите трагаат по уште две исчезнати лица. Портпаролот на службата за итни случаи, Гема Мартин, вели дека нема штета на училиштето спроти зградата.
фото Принтскрин
Слично
