(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ОД 200 ПОЖАРНИКАРИ ГАСНАТ ПОЖАР ВО ЊУЈОРК - се запали облакодер
Огромен пожар зафати неколку ката на врвот на станбен облакодер во Њујорк денес, а густ црн чад го покри овој дел од Њујорк.
Повеќе од 200 пожарникари на местото на настанот
Противпожарната служба на Њујорк потврди дека пожар гори на неколку ката на врвот на станбена зграда во Бронкс, додека очевидци известуваат дека слушнале гласна детонација што му претходела на пожарот.
FDNY members are operating at a 4-alarm fire at 3485 Bivonia Street in the Bronx. pic.twitter.com/efYUhnatYq
— FDNY (@FDNY) January 24, 2026
Пожарникарите се на местото на настанот и се борат со пожарот што стигнал до горните неколку ката од зградата. Според официјалните лица, пожарот избувнал по пријава за експлозија на гас, а густ црн чад се издига од врвот на високата зграда и е видлив од поголемиот дел од градот.
Повеќе од 200 пожарникари и екипи за итни интервенции беа на местото на настанот, според соопштението од противпожарната служба, пренесува АП.
BREAKING: MASSIVE EXPLOSION REPORTED IN NYC HIGH-RISE
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 24, 2026
No word yet on the cause of the explosion in a Bronx apartment block or casualty count.
Source: @AZ_Intel_ pic.twitter.com/OKuWN0F1Bc
Пожарот се шири брзо
Пожарникарите од Њујорк се обидуваат да го локализираат пламенот, кој брзо се шири поради ветерот, додека полицијата ги евакуира жителите и ги блокира околните улици.
Во моментов нема официјални информации за бројот на повредени или евентуални смртни случаи, но голем број амбулантни возила се на местото на настанот.
Фото: Принтскрин/Икс