Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОТРЕСНИ ПОСЛЕДНИ ЗБОРОВИ НА ЕКИПАЖОТ НА РУСКИОТ АВИОН: „Команданте, паѓаме“!

(ВИДЕО) ПОТРЕСНИ ПОСЛЕДНИ ЗБОРОВИ НА ЕКИПАЖОТ НА РУСКИОТ АВИОН: „Команданте, паѓаме“!

Последните зборови на членовите на екипажот на рускиот авион, кој се урна во неделата, се забележани во црната кутија кои упатуваат дека леталото имало проблеми со крилјата, односно клапите.

На снимката се слуша како капетанот Роман Волков неколку моменти пред губењето на сигналот говори „проклети клапи“, како и глас на еден од членовите на екипажот кој извикува „команданте, ние паѓаме“, пренесува Раша тудеј, повикувајќи се на руски портали.


Тие сознанија не се официјално потврдени и се чека детална анализа на податоците од црните кутии, извлечени од Црното море. Во опашката на авионот, се сместени уште две црни кутии, но уште не се извлечени.


Главните напори на нуркачите се насочени на потрагата за остатоците од опашката на авионот, каде се сместени црните кутии. Тие делови уште не се извлечени од вода“, дознава Тас.


Претходно е најдена снимка од пилотската кабина и пратена во Москва, а руската агенција дознава дека декодирањето на црните кутии може да трае со недели, во зависност од тоа во каква состојба е кутијата.

Во седиштето за раководење со операцијата за Тас денес рекле дека нуркачите извлекле уште две тела на жртви, со што бројот на пронајдени се искачил на 15.


Досега се пронајдени повеќе од 1500 делови на Ту-154 авионот, а третина од деловите 567 се извлечени на површината.


Слично

Поврзани вести