(ВИДЕО) ПОТОП ВО ИТАЛИЈА: Водата носеше контејнери и автомобили во Рим
Поплави има во италијанскиот главен град Рим.
Пожарникарите спасија 40 деца од поплавена градинка, а еден возач инвалид е извлечен од автомобилот кој заврши во поплавен премин. Улиците наликуваат на надојдени реки кои носат контејнери, мотори и автомобили. Кандидатот за градоначалник и член на Европскиот парламент, Карло Календа, побара објаснување од актуелната градоначалничка на Рим, Вирџинија Раџи. Таа трпи критики бидејќи многу основни работи во италијанската престолнина не се решени.
Слично
