Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Потона брод на реката Јангце, потресни фотографии го обиколија светот!

(ВИДЕО) Потона брод на реката Јангце, потресни фотографии го обиколија светот!

Повеќе од 20 лица се водат како исчезнати откако на реката Јангце, во источната кинеска провинција Дјангс, потонал реморкер (брод за влечење) соопштиле тамошните власти.

Спасувачките групи извлекле од водата три лица од бродот кој потонал околу 15 часот по локално време, објавува кинеска агенција.

brod kina poton1

Меѓу исчезнатите се седум или осум странци кои работеле на бродот, вклучувајќи државјани на Сингапур, Јапонија и Индија.

На бродот имало најмалку 25 лица. Акцијата на спасување продолжува.

Реморкерот во време на несреќата бил на пробна пловидба.

Еден од преживеаните рекол дека ја проверувале состојбата на моторот кога бродот одеднаш почнал да тоне и водата нагло почнала да продира.

Слично

Поврзани вести