(ВИДЕО) ПОТФАТ ВРЕДЕН 8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Германците градат тунел под море за да се поврзат со Данска
Германските власти одобриле изградба на подморски тунел за друмски и железнички сообраќај во вредност од осум милијарди долари кој би ја поврзал таа земја со Данска.
Германските претставници ја донеле таа одлука, и покрај противењето на активистите за заштита на животната средина.
Тунелот со должина од 19 километри кој би го поврзал германскиот остров Фермарн со данскиот Лоланд, би требало да биде завршен до 2024 година, но работите се одложувани поради протести на активистите за заштита на животната средина.
Островот Фермарн веќе со друмски сообраќај е поврзан со германското копно, а новиот тунел во голема мера ќе го забрза друмскиот и железнички сообраќај од германските градови Хамбург, Бремен и Хановер до Копенхаген, престолнината на Данска, и шведскиот град Малме.
