(ВИДЕО) Поставена скулптура на Путин во Санкт Петербург за Денот на победата
Скулптура на рускиот претседател ќе биде прикажана во Санкт Петербург за Денот на победата во мај, објави „Мирор“.
Рускиот претседател може да е негираан во голем дел од светот во моментов, но не и во неговиот роден град Санкт Петербург. Статуата на Путин ќе биде во стилот на римски император.
Иако Путин си навлече неодобрување на многу светски сили со активностите во Украина и агресијата на Крим, жителите на Санкт Петербург, каде што Путин е роден во 1952 година, одлучија да го прослават својот прочуен син.
Статуата, која го отсликува Путин, веќе е во производство, а прототипот во моментов е изложен во локалната уметничка академија. Тоа покажува дека статуата на Путин е направена во класичен спомен-биста, карактеристична за многумина филозофи од антиката.
