Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Посмртните останки на телохранителите на Мадуро стигнаа во Куба

(ВИДЕО) Посмртните останки на телохранителите на Мадуро стигнаа во Куба

Посмртните останки на телохранителите на екс венецуелскиот претседател Николас Мадуро кого САД го киднапираше, пристигнаа на Куба.

Кубанската државна телевизија вчера наутро во живо го пренесуваше враќањето на посмртните останки на 32 кубански државјани кои загинаа во американските напади врз Венецуела за време на операцијата изведена во раните утрински часови на 3 јануари, чија цел беше заробување на соборениот венецуелски претседател Мадуро.

Останките пристигнаа во кутии помали од ковчези, прекриени со кубанското знаме. Со години Куба испраќа илјадници свои граѓани во Венецуела, а за возврат добиваше испораки на нафта. Меѓу испратените Кубанци има наставници и лекари, но и разузнавачки агенти и припадници на обезбедувањето.

Посмртните останки на меѓународниот аеродром во Хавана ги пречекаа кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, министерот за внатрешни работи Ласаро Алберто Алварес Касас и други високи функционери на Комунистичката партија на Куба. 

Соборувањето на Мадуро претставува тежок удар за Куба, која во голема мера се потпираше на венецуелската нафта за одржување на економијата.  


Десетици илјади Кубанци протестираа пред амбасадата на САД во Хавана, објави Асошиејтед Прес. Тие го осудија убиството на 32 кубански офицери во Венецуела и побараа властите во Вашингтон да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

foto printskrin


Слично

Поврзани вести