Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОСЛЕДЕН ДЕН НА ОБАМА ВО БЕЛАТА КУЌА: Барак се пакува, а еве каде ќе живее од утре!

(ВИДЕО) ПОСЛЕДЕН ДЕН НА ОБАМА ВО БЕЛАТА КУЌА: Барак се пакува, а еве каде ќе живее од утре!

Американскиот претседател Барак Обама ги поминува последните денови во Белата куќа каде живеел осум години, а на власт ќе биде до попладне во петок, кога Доналд Трамп ќе положи заклетва како 45 претседател на САД.

Обама во текот на последниот ден нема да има многу „претседателски обврски“, а денот, како што рекол и сам, ќе го искористи за пакување.

Единствени задачи кои го очекуваат како претседател се дневен брифинг со разузнавачките и безбедносни служби и ручек со потпретседателот Џозеф Бајден.

Во западното крило на Белата куќа веќе има помалку персонал, а оние кои останале се пакуваат и опростуваат од колегите.

Обама на последната конференција за новинарите како претседател се обиде да го заврши мандатот во оптимистичен тон. И покрај поразот на демократите на изборите, истакнал дека е убеден во светлата иднина на земјата.

Признал и дека „зад затворени врати повеќе пцуе отколку јавно“, како и дека понекогаш се лути како и сите останати.

Семејството Обама од Белата куќа се сели, но останува да живее во Вашингтон, за да малата Саша Обама ја заврши школата.

Затоа ќе изнајмат куќа од 760 квадрати со девет спални соби со купатило. Вредноста на оваа куќа се проценува на седум милиони долари и се наоѓа недалеку од училиштето во кое оди Саша.

Ѕирнете како изгледа куќата во која ќе живее семејството Обама.



Слично

Поврзани вести