Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОРТОРИКО ВО ПАНИКА: Ураганот Марија се движи кон Порториканците со 280 км/ч

(ВИДЕО) ПОРТОРИКО ВО ПАНИКА: Ураганот Марија се движи кон Порториканците со 280 км/ч

Ураганот Марија се движи кон Порторико откако вчера со својата јачина на ветрот удрил во Карипскиот остров и зад себе оставил пустош.

Гувернерот на Порторико Рикардо Росело рекол дека Марија би можела да удри со сила и да нанесе штета каква не е видена неколку генерации.


„Ќе изгубиме доста инфраструктури во Порторико“, рекол Росело и додал дека островот после ударот најверојатно ќе се соочи со недостиг од електрична енeргија и комуникација која би можела да трае со денови.

Властите ги предупредиле граѓаните кои живеет во куќи од дрво и друг послаб материјал да пронајдат побезбедни засолништа пред бурата.

Ураганот Марија достигнал сила од 280 км/ч со можност на понатамошно јакнење, соопшти американскиот Нацонален центар за урагани во Мајами.


Ураганот моментално се наоѓа на 45 км југоисточно од островот Сент Крој и 190 км од Порторико и се движи со брзина од 17 км на час.

Истовремено ураганот Хосе ослабна на ниво трооска бура, но метеоролозите за наредните денови очекуваат високи бранови кои ќе се движат и со брзина од 17 км на час.

Слично

Поврзани вести