Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Порошенко: Ќе го продадам бизнисот, ама не и телевизијата

(ВИДЕО) Порошенко: Ќе го продадам бизнисот, ама не и телевизијата
Украинскиот милијардер Петро Порошенко веднаш по победата на претседателските избори во Украина, најави дека ќе го одржи предизборното ветување и ќе го продаде својот бизнис. „Што се однесува до мојот бизнис, веднаш ќе биде составен договор со инвестициска компанија за да се бара купувач“, најави украинскиот „крал на чоколадите, чие богатство се проценува на 1,6 милијарди американски долари. Сепак тој најави дека нема намера да го продава телевизискиот Канал 5, кој е во негова сопственост, а важи за исклучително популарен во Украина. http://www.youtube.com/watch?v=8un9gGKiGjs Централната изборна комисија на Украина, врз основа на 60% од преброените гласови, објави дека Порошенко освоил 53,72%, поранешната премиерка Јулија Тимошенко - 13,08%, а лидерот на десничарската партија Олег Љашко - 8,48% од гласовите на вчерашните избори.
Слично

Поврзани вести