Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Поради Трамп настана хаос пред судот во Њујорк

(ВИДЕО) Поради Трамп настана хаос пред судот во Њујорк

Хаос настана пред судот во Њујорк, а обожавателка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп сакаше да украде транспарент. 

Стотици приврзаници на поранешниот американски претседател  протестираат пред судницата, а од другата страна пристигнаа и контрадемонстранти. Припадници на њујоршката полиција стојат меѓу двете групи кои си разменуваат навреди.

Противниците на Трамп пред судот развиорија транспарент на кој пишуваше дека „лаже цело време“ и извикуваа „затворете го“, додека другата страна носеше облека и транспаренти со слоганот на Трамп „Направи ја Америка повторно голема“ и знаме на кое пишува „Трамп или смрт“.

Трамп пристигна во Обвинителството и Судот во Њујорк, по што е уапсен пред денешниот историски почеток на неговото судење под обвинение за прикривање исплата на пари на порноѕвезда.


Слично

Поврзани вести