Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОРАДИ СУШНАТА СЕЗОНА: Највисокиот водопад во Кина се напојува со вода од цевка

(ВИДЕО) ПОРАДИ СУШНАТА СЕЗОНА: Највисокиот водопад во Кина се напојува со вода од цевка

Откриено е дека највисокиот водопад во Кина се напојува со вода од цевка.

Станува збор за водопад на планината Јунтаи. Тој ја добива водата од цевка вградена во карпите, покажа контроверзното видео снимено од еден планинар и објавено на социјалните мрежи, јавува Би-Би-Си.

Менаџерите на туристичкиот парк Јунтаи соопштија дека додале „мало подобрување“ за време на сушната сезона за да го направат патувањето до водопадите вредно за посетителите.

Водопадот во централната провинција Хенан е висок 312 метри и е дел од планинскиот геопарк Јунтаи. Секоја година таму патуваат милиони туристи.


Слично

Поврзани вести