(ВИДЕО) Поради него почна крвавата пресметка на улиците во Канада!
Инцидентот кој денеска го потресе и крена на нозе главниот град на Канада го предизвикал Март Кутур-Руло (25) кој после два часа чекање прегазил два канадски војници.
Канадски „CBC News“ пренесува дека Кутур-Руло ги прифатил идеите на екестремистичкиот ислам и сонувал за тоа да умре за слава на Алах. Канадскиот министер за јавна безбедност соопштил дека тој веќе е под истрага бидејќи бил „поврзан со терористичката идеологија“.
Тој соопштил дека било очигледно дека Кутур-Руло веќе преминал во радикализам. Неговиот пасош бил запленет бидејќи бил еден од 90-те осомничени исламски екстремисти за кои се верувало дека планираат да им се придружат на борбите во странство.
Неговото семејство и понатаму е во шок, а неговиот татко плачел додека разговарал со новинарите на локалните радио-станици.
-Го изгубив синот. Тој е во сите медиуми утрово. Оставете ме на мира. Немам коментар - потресно рекол.
Кутур-Руло живеел во семјната куќа со неговиот татко, а соседите велат дека биле сведоци на неговата постепена промена откако го прифатил исламот во 2013 година. Пуштил брада и престанал да носи фармерки со што преминал на исламски начин на живот.
Го прифатил името Ахмад и на својот фејсбук профил постирал материјали со ознаките на исламската држава кои ги воздигнуваат џихадистите и „светската војна“ против непријателите на исламот.
-Бил многу лут кога Канада активно го поддржала Американското бомбардирање на исламските држави во Ирак и Сирија, па мислам дека тоа е главната причина за убиството на војниците - вели негов познаник од Фејсбук
Според тврдењата на неговите пријатели убедил најмалку четири лица да преминат во исламот и сметаат дека се занесол со екстремната интерпретација на Куранот.
