Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА: Жена загина во Малага

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА: Жена загина во Малага

Андалузија е во вонредна состојба, а властите стравуваат од нови поплави.

Бурата „Леонардо“ предизвика големи поплави во Андалузија, кои принудија евакуација на околу 8.600 луѓе, а една жена загина во покраината Малага. 


Во Кордоба, нивото на водата на реката Гвадалкивир е на критично ниво, бидејќи сегашното ниво од 5,5 метри е двојно повисоко од нивото за црвена тревога, а Римскиот мост на таа река е затворен поради опасност. Локалната власт во Кордоба предупреди дека е потребно да се испушти вода од акумулациите и дека се очекуваат уште поголеми поплави. Приградскиот железнички сообраќај помеѓу Севиља и Кадис не работи, а услугата е само делумно оперативна во Малага. Регионалните владини претставници во Малага објавија дека временските прогнози укажуваат на можност за бури и повремени врнежи од дожд. Во градот Грасалеми, сите жители беа евакуирани.

Поради снежните врнежи на север од Шпанија, 16 патишта беа затворени. Најпогодените патишта се во Гранада, Леон, Саламанка, Касерес, Навара. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, ја посети Андалузија и рече дека земјата ќе биде со жителите. Прво со хеликоптер прелета над некои од најкритичните области на покраината Кадиз, а потоа ја посети и напредната командна станица лоцирана во градот Сан Роке, во регионот Кампо де Гибралтар. Погодена е и Португалија. 

Лани во декември во Андалузија имаше поплави и жртви. 

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести