(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ШПАНИЈА: Автомобили завршија во морето
Невреме ги зафати Канарските острови во Шпанија. Има поплави, а водата однесе автомобили во морето.
На некои луѓе им влезе вода во домовите во текот на ноќта. Многу патишта во Кастелон, Гранада и Валенсија се затворени откако во тие градови наврнаа повеќе од 200 литри вода на метар квадратен.
Министерствата за надворешни работи на некои земји ги предупредија своите граѓани да избегнуваат патување во Шпанија, особено во областите погодени од поплавите.
Лани во октомври имаше поплави во Шпанија, кои однесоа жртви и поттикна страшен револт. Дури имаше и кражби во поплавените имоти.
Слично
