Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО РОМАНИЈА: Жителите добија 4.000 вреќи со песок

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО РОМАНИЈА: Жителите добија 4.000 вреќи со песок

Циклонот „Барбара“ предизвика сериозни поплави во делови од Романија, каде е прогласен црвен аларм за опасност од обилни врнежи во пет окрузи и во главниот град Букурешт. Во следните 24 часа се очекува да наврнат над 200 литри дожд на квадратен метар, што е еднакво на три месеци просечни врнежи.


Најпогоден е крајбрежниот град Констанца, каде што синоќа и утрово бурата предизвика прекин на јавниот превоз, поплавени улици и згради, блокирана канализација и паднати дрвја. Наставата во училиштата беше откажана, а спасувачките екипи цела ноќ интервенираа за да ги отстранат последиците од невремето, јавува „Аѓер Прес“.

Во целата земја се поставуваат импровизирани брани со вреќи со песок, особено во Валу луи Трајан, една од најранливите области. Во Букурешт, три населби се во ризик да се претворат во езера, па жителите добија 4.000 вреќи со песок – приоритетно најстарите и лицата со намалена подвижност. Неколку реки во регионот Добруџа се под црвен аларм, а жандармеријата е мобилизирана во два округа.


Слично

Поврзани вести