(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЧЕШКА: Брз воз удри во карпа, има повредени
Силно невреме ја погоди Чешка, при што имаше поплави и сообраќајни несреќи.
Брз воз со околу 150 патници удрил во карпа, која се лизнала на шините кај замокот Карлштајн кај главниот град Прага. Локомотивата и првиот вагон излетале од шините, а пет луѓе се полесно повредени. Во Чески Крумлов во јужна Бохемија, потокот Полечнице, притока на Влтава, ги поплави куќите покрај улицата.
Имало стотици повици за испумпување во подрумите и расчистување на паднатите дрвја од патиштата. Во градот на повеќе места има оштетени автомобили и покриви. Се очекува и ново невреме.
Деновиве и во Австрија имаше невреме. Таму имаше и жртва, односно загина 82 годишен човек.
фото принтскрин
Слично
