Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ: Погодени се повеќе од 24.000 семејства

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ: Погодени се повеќе од 24.000 семејства

Големи поплави има во Бразил, а амазонските реки достигнаа рекордни нивоа. 

Повеќе од 24.000 семејства и 15 области на Манаус се погодени, а многумина морале да ги напуштат своите домови, наведе Г1.

Над 9.000 метри дрвени мостови - познати како маримба - се изградени во најтешко погодените области.

Реките околу бразилската амазонска метропола Манаус, денеска достигнаа рекордни нивоа и предизвикаа поплави.  Рио Негро, кој се влева во Амазон во близина на Манаус, го забележа највисокиот водостој од 1902 година и е висок 29,98 метри, објави во вторникот мрежата Г1. Реката се искачи на 29,97 метри во големата поплава од 2012 година. 

Речиси 60 од 62 општини претрпеле штета, а 450.000 лица се погодени. Реката Амазон исто така ги достигна највисоките нивоа во градовите, вклучувајќи го Итакоатиару. Бразил е една од најпогодените земји од коронавирусот, а сега се соочуваат со поплави. Истото се случи и во Индија, која освен што се бори со вирусот, ја погоди и циклон. 


Слично

Поврзани вести